Наташа Беквалац конечно излезе од дома: Еве што направи прво (ВИДЕО)

Се огласи на Инстаграм

Наташа Беквалац неодамна доживеа голема непријатност и стрес кога непознат маж влезе во нејзиниот дом во Ченеј, во кој пејачката живее со ќерките Хана и Катја. Според изјавите на нејзините блиски пријатели, случајот е пријавен во полиција, а Наташа ангажира и обезбедување, кое 24 часа ќе се грижи за безбедноста на нејзините ќерки.

Ната одлучи да се огласи во јавноста со фотографија и коментар на Инстаграм.

Долго време ми беше потребно да се ‘одврзам’ од оваа состојба, да почнам да комуницирам со луѓето, да почувствувам слобода во себе, да ги прифатам своите грешки, да го надминам стравот за своето семејство и за себе, да запеам на пробата, да седнам во автомобилот… да не се плашам… чуден некој период, уште една лекција, враќање на патот кој е единствениот исправен… на патот на љубовта… штом го ослободив стравот и ја вдишав слободата, почнаа да ми се случуваат прекрасни врски, добра енергија, повторно почна да ми се случува музиката…“, порача пејачката на својот Инстаграм, најавувајќи го новиот албум, кој наскоро ќе почне да го снима.

 

А, како што самата истакна на социјалните мрежи, прво нешто што направи откако излезе од изолацијата е посетата на фризерскиот салон.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.