Наполни 90 години, па ја откри тајната на долговечноста: Славниот актер верува во судбина и во Бога, а се колне во овие 2 работи!

Дознајте повеќе

Мајкл Кејн е роден на 14 март во 1933 година. Никогаш не заборавил дека пораснал во скромно работничко семејство, го нарекуваат најголемиот џентлмен во Холивуд, а за својата сопруга има само пофални зборови

Британскиот актер сер Мајкл Кејн вчера го прослави својот 90-ти роденден, а во својата богата кариера се има појавено во повеќе од 165 филмови од различни жанрови.

Иако многумина му велеле дека нема талент за да стане врвен актер, двојниот оскаровец со својот препознатлив акцент успеал да стане една од најпопуларните филмски ѕвезди на својата генерација.

Иако денес ужива во богатство, никогаш не заборавил дека пораснал во скромно работничко семејство, напротив, често го истакнува тоа со гордост. Вели дека потеклото секогаш го мотивирало да се докаже, особено кај оние што никогаш не верувале во него. Често се присетува како со својот пријател, покојниот Шон Конери, стоел во ред во заводот за вработување и тврди дека сите оние што се соочиле со финансиски проблеми, ја разбираат и ја ценат вредноста на парите.

Во театарската и во филмската индустрија влегол благодарение на оглас во кој барале сценски работници. Вели дека верува во судбина и во Бога. Својот живот го доживува како божји дар и благодарен е за секој нов ден. Тајната на неговата виталност, како што самиот вели, е во редовното одржување на градините во Сури, каде што живее со својата сопруга Шакира, а кои се простираат на 30.000 метри квадратни.

Исто така, тој има строг режим на секојдневно земање по 10 чудотворни таблети и часовник „Епл“, кој го потсетува дека треба да направи пауза и да се одмори.

Неодамна ја продал 200 години старата куќа и ја понудил на аукција својата колекција на часовници „Ролекс“ и неколку слики од Шагал. Денес живее на релација Мајами, каде што поседува куќа, и Лондон, во стан кој гледа на Темза.

Во својата татковина Мајкл, кого покојната британска кралица Елизабета Втора го има прогласено за витез, важи за култна личност.

Во филмовите беше успешен во улогите на шармантен заводник и гангстер. Мајстор е за емоции, без разлика дали станува збор за блокбастер, комедија, психолошки трилер или нискобуџетен филм.

Сопругата Шакира ја запознал за време на снимање на една ТВ-реклама и се вљубил во неа на прв поглед. Во брак се веќе 52 години и нејзе ѝ ја припишува заслугата што го спасила од лошата навика на секојдневно консумирање огромни количини на алкохол. Златната статуетка ја има освоено двапати, и тоа двапати за најдобра споредна улога, во 1987 г. за улогата во филмот „Хана и нејзините сестри“ и во 2000 година за улогата во филмот „Животот нема правила“.

И покрај годините, не престанува да работи и веќе е познат неговиот следен филмски проект. Во третиот дел од трилерот „Мајстори на илузијата“ повторно се враќа пред филмските камери во улога на негативец.

3 тајни на младоста и долговечноста на луѓето постари од 70 години
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.