Наполни 70 години, а изгледа како момче: Приватни фотографии на Здравко Чолиќ кружат на Интернет (ФОТО)

Ќерката го „издаде“

Фото: ПР

Пејачот Здравко Чолиќ во неделата ја раситни осмата деценија од животот, па по тој повод, неговата ќерка Уна сподели неколку фотографии на Инстаграм, кои ги воодушевија многубројните обожаватели на нејзиниот славен татко.

zdravko čolić

Имено, наследничката на Чола објави приватни фотографии, кои јавноста немаше можност да ги види досега, а на нив гледаме среќни семејни мигови на семејството Чолиќ.

На најдобриот татко на светот, нека му е најсреќен роденденот!“, напиша Уна во описот на фотографиите за кои се зборува.

zdravko čolić

ФОТО: Instagramprintscreen/Unacolic

Те сакам најмногу на светот“, додаде Уна, со што ги разнежни следбениците.

Инаку, Здравко Чолиќ со сопругата Александра и ќерките Уна и Лара живее во елитен, но мирен крај на Белград.

Здравко остана скромен и приземјен, никогаш не се однесува како ѕвезда, туку како обичен човек, господин. Искрено да ви кажам, ретко кој во паркот би го препознал Здравко. Повлечен е, носи капа и воопшто не е наметлив. Драго ми е секојпат кога ќе го видам. Ме потсетува на детството, израснав на неговата музика“, открива блиска сосетка на славниот пејач.

Секогаш ја чуваше својата приватност, семејството никогаш не го провлекуваше по медиумите, изгледа не сакаше на децата да им го наметне товарот од неговата слава. Гледам дека сите го почитуваат и му се радуваат кога ќе го препознаат, а тој за секого има добар збор. Не е ниту чудно што сите овие години остана таква легенда. Живеам во неговото соседство и еве за толку години никогаш не сум слушнала некој да каже нешто лошо за него или на некој да му пречела некоја негова постапка“, додава друга сосетка.

 

Вилата му е одлично обезбедена, има две капии, простран двор, вистинско уживање. Се дружи само со неколку соседи со кои ужива во чаша вино во дворот, кој му е секогаш среден затоа што има ангажирано градинар. Но, и сам понекогаш сака да ги засука ракавите и да работи. И неговата сопруга Александра исто така е прекрасна, таа е фина и мирна жена, прекрасна сосетка, ептен се хармонична брачна двојка.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.