Најшокантниот детаљ од биографијата на Деми Мур: „Мајка ми дозволи да ме силуваат за 400 долари!“

Никој не заслужил вакво детство!

Кога била дете, мајка и’ се предозирала и малата Деми била принудена со прсти да и’ ги вади таблетите од грло

Биографијата на познатата американска актерка Деми Мур со наслов „Inside Out“ кренала голема прашина, особено поради некои детали од младоста на актерката за кои јавноста ништо не знаела.

Деталите што најмногу ја шокирале, но и потресле јавноста се две страшни работи што младата Деми ги преживеала поради мајка и’.

Имено, кога била дете, мајка и’ се предозирала и малата Деми била принудена со прсти да и’ ги вади таблетите од грло.

Кога имала само 15 години, мајка и’ му дозволила на еден маж да ја силува Деми. По гнасниот чин, тој и’ дал на мајка и’ околу 400 долари и ја прашал Деми: „Какво е чувството да се биде продаден?“

„Тоа беше силување и одвратно мајчинско предавство“, напишала актерката во шокантната биографија.

Кратко потоа, Деми ја напуштила куќата на мајка и’ и сама се пуштила во светот. Така почнал животот да и’ станува подобар.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.