Најновите фотографии од омилениот актер во количка го растажија светот: Состојбата му е сè полоша поради неизлечивата болест

Тажно

Мајкл Џеј Фокс бил фотографиран во количка на плажа во Мексико, каде што ги поминал новогодишните празници со семејството

Холивудскиот актер и ѕвездата од филмовите „Враќање во иднината“, Мајкл Џеј Фокс, бил фотографиран на одмор во мексиканскиот Тулум, едно од омилените места на бројни славни личности, каде што ги поминал празниците со семејството.

Најновите папараци-фотографии од 61-годишниот Мајкл, кого и денес многумина го паметат како Марти од хит-филмот, ги растажија, но и загрижија неговите обожаватели.

Имено, здравјето на Мајкл во последниве неколку години почнало ненадејно да се влошува поради последиците од Паркинсоновата болест, која му била дијагностицирана на почетокот од 1990-тите. Поради тоа, полека ја напуштил глумата, а на екранот можевме да го видиме само во посебни и кратки гостувања.

Ретко се појавува во јавност, но сега направил исклучок, па со сопругата Трејси Полан одморал на плажа во Тулум, а друштво им правеле неколку луѓе што му помагале при движењето.

Мајкл неколку пати има опишано колку му било тешко да ги одбира улогите поради проблемите што ги имам, а еден од најголемите е неговото помнење. Актерот рекол дека повеќе не може да памти долги дијалози поради болеста што сè повеќе напредувала.

Сепак, неговата физичка состојба не го обесхрабрила, туку го мотивирала да основа фондација за развој на медицински истражувања, која помага за лекување и истражување на болеста.

Мајкл ја започна актерската кариера во доцните 1970-ти, но се прослави во филмот на Стивен Спилберг „Враќање во иднината“ од 1985 година, кога имал 24 години. Откако стана ѕвезда благодарение на овој филм и средношколската комедија Teen Wolf, Мајкл се посветил на телевизијата, па глумел во неколку многу популарни ТВ-серии.

Целото тоа време, покрај него била љубовта на неговиот живот Трејси, со која има четири деца.

На почетокот од бракот, актерот тешко се разболел: Кога сите се откажале, таа останала покрај него цели 30 години!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.