Најмладиот пациент што се лекува од коронавирус е бебе родено во Лондон

Новороденчето е тестирано по раѓањето

Бебе родено во Лондон е најмладиот пациент што се лекува од коронавирусот КОВИД-19. Имено, пред неколку дена, мајката на новороденчето била хоспитализирана во британската престолнина поради сомнение за воспаление на белите дробови, а подоцна се покажало дека е позитивна на коронавирусот, пренесува „Мирор“.

Од вчера таа и нејзиното бебе се лекуваат во две различни болници – бебето останало на истата клиника, додека мајката итно била пренесена во клиниката за инфективни болести.

Дека е позитивна на коронавирусот се покажало откако се породила, а исто така веднаш било тестирано и бебето.

Докторите се’ уште не знаат дали бебето се заразило додека било во матката или пак веднаш по породувањето.

Медицинскиот персонал, кој бил во контакт со заразената мајка и бебе е во самоизолација, а британските власти сега утврдуваат со кого мајката била во контакт во изминатиот период.

За среќа, од болницата соопштија дека за мајката и новороденчето не постои висока веројатност за развивање на компликации поради коронавирусот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.