Најдоброто интимно искуство го имала со човек од 80 години: „Никогаш не сум почувствувала такво нешто!“

Исповед

Памела Андерсон во своите мемоари признала дека имала необично искуство со човек од 80 години

Актерката Памела Андерсон се присетила на најинтимните моменти од својот живот во мемоарите Love Pamela, кои конечно биле објавени на 31 јануари.

Таа зборувала и за врската и бракот со Томи Ли, со кого вели дека во еден момент деноноќно имала односи, а добро познато е дека нивната врска и тоа како ги полнела медиумските наслови кога нивното приватно видео стигнало до јавноста.

Сепак, најшокантно е нејзиното признание дека дури ни Том не можел да се рамни со искуството што го имала со 80-годишен човек.

Ова искуство комплетно ја оставило без текст и никогаш не почувствувала ништо слично. Имено, таа играла танго со човек кој можел да ѝ биде дедо, а познато е дека овој танц има еротски ефект на луѓето.

Памела истакнала дека овој цврст и истовремено нежен тип на танц бил „најсензуалното искуство што некогаш го доживеала“. Тоа се случило кога била во 20-тите години, за време на нејзината посета на Буенос Аирес, и истакнала дека никогаш не почувствувала дека ја води вистински маж освен тогаш.

„Тоа ме промени, никогаш немам почувствувано ништо слично и никогаш не го заборавив тоа“, напишала 55-годишната актерка.

Да се потсетиме, една од најфаталните русокоси на сите времиња се венчавала пет пати, од кои два пати му кажала „да“ на играчот на покер Рик Соломон. Како што опишала во биографијата, до нејзините брзи бракови дошло затоа што мислела дека е вљубена ако посака да има интимни односи со некого.

Имено, актерката опишала во книгата дека ужасното сексуално злоупотребување што го преживеала во детството подоцна ја формирало нејзината перцепција за врските, љубовта и сексот, па оттука произлегол и гореспоменатиот став.

Во секој случај, бракот со Томи Ли бил од љубов, а како што напишала, по венчавката поминале со часови во спалната соба, а имале односи дури и кога била хоспитализирана откако ѝ пукнала циста на јајниците, а на раката имала канила.

За жал, иако имало страст меѓу нив, нивниот брак бил проткаен со насилство и љубомора, поради што на крајот бил прекинат.

„Го гледав Џек Николсон додека има тројка“: Памела Андерсон ги открива тајните на Холивуд! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.