На тешката борба на актерката против опасната болеста ѝ нема крај: „Ужасно се плашам, но не губам надеж дека ќе победам“

Храбро се бори и покрај прогнозите

Ѕвездата од најпопуларната серија во 90-те води борба за живот, а вестите што ги добила не охрабруваат…

Шенон Доерти ни е најпозната по улогата во американската серија „Беверли Хилс“. Иако и пред тоа глумела во други серии и филмови, популарност стекнала како симпатичната тинејџерка Бренда Волш.

Актерката веќе со години има сериозни здравствени проблеми, а сè почнало уште во 2015 година, кога ѝ бил дијагностициран рак на дојка.

Напорите на лекарите да ја излечат без мастектомија или агресивни третмани не биле успешни, бидејќи ракот се проширил на лимфните јазли. Поради тоа, актерката поминала низ бројни третмани и терапии, вклучувајќи мастектомија, хемотерапија, зрачење и операција. Во 2018 година било објавено дека е излечена. Ракот се повлекол по агресивните третмани и нејзините резултати биле чисти.

https://www.instagram.com/p/B9unH38BIaL/?utm_source=ig_embed

Некое време била мирна, но ракот повторно се вратил пред една година. Информацијата дека Шенон има канцер во четврта фаза, отпрвин била чувана во тајност, а актерката проговорила за тоа јавно дури на почетокот од оваа година.

Шенон Доерти отворено зборува за предизвиците со кои се соочува

Гостувајќи во една ТВ-емисија, Шенон Доерти ги споделила своите чувства и размислувања со пошироката публика. Признала дека често се прашува зошто оваа тешка болест се појавила токму кај неа и открила дека чувствува голем страв поради сето тоа. Па, сепак, Шенон настојува да остане позитивна и се надева дека уште еднаш ќе успее да ја победи тешката болест.

Четвртата фаза на карцином подразбира појава на метастази, што значи дека раков повеќе не е локализиран само на едно место (во дојката во овој случај). Целта на лекарите е нејзината општа состојба да биде уште постабилна, да се забави растот на туморот и да се подобри квалитетот на животот. Актерката почнала да води здрава исхрана, а на макотрпниот пат, поддршка ѝ даваат пријателите и семејството.

https://www.instagram.com/p/CACcUjjgQdm/?utm_source=ig_embed

Статистиката, за жал, не е на страната на Шенон, бидејќи кога станува збор за четвртиот стадиум на карцином на дојка, многу малку може да им се помогне на пациентите. Но таа не губи надеж и можеме слободно да кажеме дека претставува инспирација за многумина што се борат со оваа опасна болест!

https://www.instagram.com/p/B-A35s4hCqF/?utm_source=ig_embed

Поединечни емотивни моменти објавува на својот профил на Инстаграм. Неодамна објавила селфи, мотивирајќи ги фановите да останат дома за време на пандемијата на ковид-19, за да се заштитат оние со ослабен имунитет (вклучувајќи ги и заболените од рак, како неа).

Сурово: Шенон Доерти наместо своите последни години да ги проживее во мир во својот дом, таа мора на суд да се бори со осигурителната компанија
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.