На сметка има милиони, ја стеснила фигурата и не сака да се мажи: Вака живее денес Сузан Бојл!

Живот како од бајка

Сузан Бојл се прослави во 2009 година во шоуто „Британија има талент“ и оттогаш нејзиниот живот целосно се промени

Поминаа 13 години откако Сузан Бојл (59) на сцената на шоуто „Британија има талент“ ја отпеа песната I Dreamed A Dream и ги воодушевила сите со прекрасниот глас.

Животот оттогаш ѝ се променил прекуноќ и од сиромашна домаќинка станала светска сензација, а нејзиниот настап на јутјуб има стотици милиони преглед.

Иако победата во шоуто ѝ избегала за влакно, потоа настапувала на сцени ширум светот и заработила богатство, но останала приземна и продолжила да ги правите работите по свое.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susan Boyle (@susanboylemusic)

Музичката кариера досега ѝ донела заработка од 22 милиони фунти, но никогаш не се расфрлала со пари.

И иако парите ѝ овозможиле да живее безгрижно, тие биле и причината за нејзината караница со брат ѝ.

Сузан и брат ѝ Гери не разговарале две години откако се појавиле гласини за тоа дека тој ѝ се заканувал дека ќе ја убие ако не му даде 50 илјади фунти.

Пејачката на брат ѝ наводно во текот на годините му дала дури 400 илјади фунти, но нему му пречело тоа што таа не ги прекинала односите со членовите од семејството кои ги рашириле тие гласини. Се смириле во 2016 година и оттогаш се во добри односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susan Boyle (@susanboylemusic)

Сузан и понатаму живее во својата родна куќа во британскиот Бекбурн, а ја купила и соседната куќа со која ја споила. Во една пригода се обидела да се пресели во луксузната вила што ја купила, но тешко ѝ било да се приспособи на новото опкружување, па брзо се вратила во својот роден дом.

Иако им останала верна на своите корени, од појавувањето во шоуто драстично го сменила својот изглед. Денес, има многу поелегантен стил од оној по којшто ја паметиме, а подлегнала и на третмани на ботокс, па изгубила многу килограми, што ѝ помогнало во борбата со дијабетес.

За својот љубовен живот Сузан првпат проговорила кога за време на своите турнеи, во хотелот каде што престојувала запознала еден американски доктор.

„Отидовме неколку пати на ручек, но не сакам ништо повеќе од платонска врска. Предолго сум сама за да се мажам сега“, раскажала во едно интервју во кое признала и дека ѝ ласкаат писмата од машките обожаватели.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.