На нејзиното лице се гледа само болка: Селма Блер сè потешко ја поднесува опасната болест

Тажна глетка

Се пишуваше дека ѝ е малку подобро, но најновите фотографии, за жал, покажуваат нешто сосема друго

Актерката Селма Блер (47) во 2018 година открила дека боледува од мултиплекс склероза.

Иако станува збор за тешка и неизлечива болест, 47-годишната актерка храбро се впуштила во борба со напорните терапии и исклучително силните болки што со себе ги носи оваа болест.

Неодамна се пишуваше во медиумите дека на Селма сега ѝ е малку подобро и дека лековите ѝ помагаат, но најновите фотографии, за жал, покажуваат нешто сосема друго.

Имено, папараците ја забележале Селма во еден ресторан за брза храна во кој влегла со партнерот Дејвид Лајонс, но набрзо излегле бидејќи Селма не можела да стои во редот од болки.

Парот веднаш го напуштил ресторанот, а актерката, која буквално се виткала од болки, цело време ја придржувал Дејвид.

Обожавателите на познатата актерка ѝ оставиле илјадници коментари за поддршка на социјалните мрежи, но забележале и дека Селма дополнително ослабела.

 

 

View this post on Instagram

 

It’s Tuesday. But feels like Monday. @rankinarchive I forever love our shoots. #rankin

A post shared by Selma Blair (@selmablair) on

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.