Музејот „Мадам Тисо“ ги одвоил Хари и Меган од останатите членови на кралското семејство: Почнаа казните за нивното повлекување

Се повлекоа од кралските должности

ФОТО: Printscreen Instagram

Казна за нивната непослушност

Познатиот лондонски музеј на восочни фигури „Мадам Тисо“, каде што се изложени 250 фигури од истакнати светски личности, уште веднаш се потрудил да ги одвои принц Хари и Меган Маркл од останатото кралско семејство по нивната најава дека се повлекуваат од кралските должности.

Според британските медиуми, нивната ненадејна најава за повлекување ја потресла Бакингемската палата. Музејот не сакал таа неизвесна ситуација да остане и во негови рамки. Само неколку часа по објавата, музејот „Мадам Тисо“ одбра веднаш да дејствува и да ја казни нивната непослушност.

„Од денес, фигурите на Хари и Меган нема повеќе да се наоѓаат во инсталацијата што ги опфаќа кралицата Елизабета Втора и членовите на кралското семејство“, изјавил во соопштението генералниот директор на музејот, Стив Дејвис.

Тој додал дека тие две лица, кои се меѓу најпопуларните, ќе останат важни експонати во музејот и дека „Мадам Тисо“ будно ќе следи што ќе им донесе идното животно поглавје.

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган соопштиле дека планираат да се повлечат од кралските должности, односно дека сакаат да станат финансиски независни и да се посветат на хуманитарна работа. Исто така навеле дека дел од годината сакаат да поминат во Северна Америка, што го шокирало целиот свет.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.