Мултимилионерот (78) е осуден на доживотен затвор: Убивал со години, не можел да сопре! Еве кој го издал!

Неверојатно

И богаташите убиваат

Богатиот американски наследник Роберт Дарст, познат по документарецот на телевизијата ХБО, е осуден на доживотен затвор во Лос Анџелес, без можности за условно ослободување, поради убиство на најдобрата пријателка.

Мултимилионерот (78) бил прогласен дека е виновен за убиството на пријателката Сузан Берман, во нејзината куќа во Беверли Хилс во 2000 година, за да ја спречи да ѝ каже на полицијата за исчезнувањето на неговата сопруга Катлин, две децении претходно.

„Тој криминал е убиство на сведок“, рекол судијата Марк Виндам пред да ја изрече казната.

„Таа околност во огромна мера го отежна овој страшен и вознемирувачки криминал“, додал судијата.

Судијата го отфрлил барањето на одбраната за ново судење, проценувајќи дека има доволно докази, кои се застрашувачки, за неговото злодело.

Судот го сослушал и синот на жртвата. Роднините на Сузан Берман го молеле пред судот да каже каде се наоѓа телото на неговата сопруга Катлин.

Се изјаснил дека не е виновен

Во текот на судењето, Роберт Дарст, кој се изјаснил дека не е виновен, речиси неподвижно седел во својата количка.

Тужителите сметаат сметаат дека Сузан Берман му помогнала на Роберт Дарст да ја сокрие својата улога во убиството на сопругата Катлин и дека Дарст ја убил Берман за да ја спречи да разговара со њујоршките полицајци, кои го истражувале исчезнувањето на неговата сопруга во 1982 година.

Црната овца на едно од најголемите њујоршки семејства-сопственици на недвижнини, Роберт Дарст, бил уапсен во март 2015 година, пред емитувањето на последната епизода на биографскиот документарец во шест дела на ХБО „Џинкс“.

Серијата се занимавала со втората крвава епизода од животот на Роберт Дарст, убиството на соседот кој подоцна го распарчил и го фрлил во море. Тој бил ослободен од вината за тоа злодело, благодарение на војската престижни адвокати кои го бранеле врз основа на разни аргументи, вклучувајќи и легитимна одбрана, случајно испукување куршум и чин извршен под дејство на алкохол.

Во документарецот „Џинкс“ изгледало како Дарст случајно да ја признал вината, кога си мрморел додека бил во тоалет, а безжичниот микрофон не му бил исклучен:

„Што направив, очигледно сите сум ги убил.“

Вознемирувачко: Објавено видеото од убиството на актерката (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.