Можеби има 52 години, но и понатаму е една од најзгодните жени на светот: Излегла од автомобилот и направила спектакл!

Фустанот го покажал затегнатото тело

Никол Марфи со секое појавување во јавноста плени со своето затегнато тело и никогаш не се буни што редовно ја следат папараци

Поранешната манекенка Никол Марфи е честа мета на фотографи, благодарение на своето затегнато тело, а овој пат ја уловиле во лелеав фустан во кој ги покажала сите свои атрибути.

52-годишната Никол носела долг фустан со цветен дезен, под кој се чини дека немала долна облека. Во прв план биле нејзините бујни гради, а фустанот ги открил и тонираните нозе. Никол не се грижела поради тоа што ветерот открил можеби и премногу.

Познатата Американка ја заинтересирала јавноста прво како успешна манекенка, потоа била ѕвезда на реално шоу, а потоа привлекла внимание како сопруга на комичарот и актер Еди Марфи. Денес, таа 52-годишна мајка на пет деца живее поповлечен живот, но привлекува внимание со речиси секое излегување од дома и тоа благодарение на топ-формата.

Добро го искористила карантинот поради пандемијата на коронавирус одржувајќи кондиција, а на социјалните мрежи го споделувала секој детаљ од активностите со кои се забавувала.

Откако се повлекла од модниот свет, Никол влегла во претприемачките води и станала една од извршните продуценти на реалната програма Hollywood Exes. Долгогодишната љубовна врска со Еди ја започнала откако го запознала во 1988 година на доделување награди.

Заедно живееле речиси две години пред да се венчаат во Големата танцова сала на њујоршкиот хотел Плаза во март 1993 година. Во август 2005 година, поранешната кралица на модните писти поднела барање за развод повикувајќи се на ненадминливи разлики, а разводот службено бил извршен една година подоцна. Заедно имаат четири ќерки и еден син.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.