Морничава мистерија што ќе ви ја заледи крвта: Повеќе од 70 години никој не може да објасни што им се случило на овие деца!

Нема да ви се верува

Американскиот сон на ова семејство се претворил во кошмар што никој не може да го објасни ни ден денес

Џорџ и Џени Содер, италијански мигранти, живееле во Западна Вирџинија во голема куќа со своите девет деца. Биле обично семејство на доселеници, кои го оствариле американскиот сон, по ништо поинакви од милион други.

На Бадник во 1945, таткото и мајката си легнале да спијат со 2-годишното девојче Силвија, додека нивните помали деца – Морис (14), Марта (12), Луис (9), Џени (8) и Бети (5) останале будни, навидум играјќи се.

Најстарите синови Џон (23) и Џорџ Јуниор (16) веќе заспале по целодневната работа. Најстарата сестра Марион ги чувала помалите браќа и сестри додека не заспала.

Пожар!

На Бадниковата вечер во 1945, мирис на чад ги разбудил заспаните членови на семејството Содер. Откако се прибрале, сфатиле дека целата куќа гори!

Таткото и мајката успеале со четирите деца да побегнат од куќата, но петте најмали останале внатре во куќата која потполно изгорела. Сепак, по деталната истрага, не било пронајдено ниту едно тело.

Тогашната полиција го сметала ова за невозможно, бидејќи куќата изгорела премногу брзо за телата на несреќните деца да бидат кремирани и го прогласила случајот за киднапирање.

Семејството поставило билборди, биле вклучени и медиуми, дури била распишана и награда за оној што ќе пријави некаква информација, но од таа кобна ноќ на децата им се изгубила секоја трага.

Неверојатна трага

А потоа, 20 години по пожарот во 1967 година, семејството Содер по пошта добиле слика, без повратна адреса. Изгледало дека на неа е нивниот син Луис, кој наводно изгорел во пожарот заедно со браќата и сестрите.

На задната страна пишувало:

„Луис Содер. Го сакам брат ми Френки. Или момчињата А90132 (или А90135).“

Несреќните родители повторно се обиделе да ја истражат судбината на нивните деца, но починале без да откријат што навистина се случило.

Билбордите што ги поставиле и понатаму може да се видат на патиштата во Западна Вирџинија. Од целото семејство Содер, денес жива е само најмладата ќерка Силвија. Таа и нејзините деца се обидуваат да зборуваат за тоа што им се случило на нејзините браќа и сестри, за тие никогаш да не бидат заборавени.

Мистеријата на Чернобил: По 33 години научниците успеале да откријат што се случува во познатиот Реактор 5! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.