Моника Белучи во никогаш попровокативно издание: Поради овие фотографии целиот интернет полудел!

Смело издание на актерката

Моника Белучи знае како да ја заинтригира јавноста

Само со една објава на Инстаграм, успеала да предизвика вистинска лавина на коментари. Последниве неколку денови целиот свет полемизира дали ваквиот начин на фотографирање и’ доликува или не, со оглед на тоа што веќе е во повозрасни години.

Моника Белучи (55) е жена што и денес предизвикува големо внимание, а на изгледот можат да и’ позавидат и многу помлади девојки.

Таа ги израдувала сите следбеници кога објавила фотографија во сако под кое носи само боди. Нејзиното деколте е занесно, како и целата фигура. Неретко има зборувано дека за добар изглед доволно е да го јадете тоа што го сакате, да живеете онака како што сакате и да се обидете да го елиминирате стресот. Признаваме дека таа тоа успешно го прави!

https://www.instagram.com/p/B8zEVfQCE7R/?utm_source=ig_embed

Под фотографијата можеше да се прочитаат коментари во кои фановите ја поддржуваат и го фалат нејзиниот изглед, но и такви во кои велат дека има премногу години за вакви фотографии.

„Таа влезе во шестата деценија, би требало да се смири. Ваквите фотографии не и’ доликуваат“, гласел еден од коментарите.

https://www.instagram.com/p/B9Etn21iog0/?utm_source=ig_embed

Што мислите вие за нејзината објава? Дали го осудувате или поддржувате нејзиниот избор да привлекува внимание со провокативно издание?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.