Многумина пораснаа со познатите Телетабиси: Ја познаваа како бебето Сонце, а нејзиниот изглед денес ќе ве изненади!

Како изгледа бебето Сонце од Телетабиси денес?

Многу генерации растеа со Телетабиси гледајќи го и бебето Сонце, а можеби се прашувате како изгледа актерката денес

Речиси и да не постои човек што не слушнал за Телетабиси, а многумина имаа можност да растат со оваа необична емисија што доживеа огромна популарност кон крајот на 1990-тите.

Покрај Телетабисите – Дипси, Тинки Винки, Лала и По, впечатливо беше и Сонцето, кое секогаш им се смешкаше на Телетабисите. Тоа Сонце била Џесика Смит, а тоа била нејзината прва улога кога не умеела ни да зборува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jess Smith (@j.smith_1995)

Имено, Џесика на многу необичен и интересен начин ја добила познатата улога на Сонцето, откако продуцентите ја нашле во болница, а ловец на таленти веднаш го препознал потенцијалот поради ведрото однесување на Џесика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jess Smith (@j.smith_1995)

Како што Џесика изјавила за странските медиуми своевремено, таа била многу весело дете. Тоа ѝ помогнало за нејзината улога, бидејќи како што кажала, постојано се смеела додека камерите биле вклучени. За улогата што ја толкувала речиси една деценија, ѝ бил потребен еден час снимање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jess Smith (@j.smith_1995)

Џесика денес гордо истакнува дека е бебето Сонце и на нејзиниот инстаграм-профил се гледа дека сè уште е активна во глумата. На нејзиниот профил може да се видат и нејзините средби со разни познати личности, но и текстови кои сè уште се пишуваат за неа и за нејзината прва улога.

Дали го препознавате девојчето на фотографијата? Денес е наша позната актерка! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.