Многумина го осудуваат, но Лео ужива во страсна врска со 22 години помладата манекенка, и тоа на јахта (ФОТО)
Папарацо-фотографии
Леонардо Дикаприо (44) и неговата девојка, аргетинската манекенка Камила Мороне (22) и покрај големата разлика во години, веќе две години се во страсна врска.
Вљубената двојка е фотографирана како ужива на одморот во Италија, а страста што постои меѓу нив не може да се скрие.
View this post on Instagram
Leo & cami in Italy! Not loving cami’s animal print bathing suit though 🙁
Додека заљубено шетаат по плажите, привлекуваат внимание секаде каде што ќе се појават, а папараците се потрудија да ѕирнат и на нивната луксузна јахта.
Фотографијата на која заедно се излежуваат во џанузи собра огромен број лајкови, но меѓу нив се најдоа и коментарите што ги осудуваат славниот актер и неговиот избор да заведе 22 години помлада девојка.
Потсетуваме, оскаровецот и манекенката ги запозна нејзиниот очув, а негов близок пријател и колега, Ал Пачино.
Фото: Инстаграм