Многу емоции, солзи радосници, среќа и музика: Погледнете го полуфиналното издание на „Заблескај“ (ВИДЕО)

Ова се најдобрите 14 кандидати!

Вчеравечер, на телевизија „Телма“ премиерно беше прикажано полуфиналето од музичкото талент-шоу „Заблескај“.

По шесте емисии и аудиции и стотици пријавени кандидати, жирито ги одбра најдобрите 14, кои ги одмерија силите на големата полуфинална вечер што се одржа во киното „Синеплекс“ во Скопје Сити Мол.

Публиката имаше можност да ги види и чуе настапите во живо на: Минела Богдановиќ, Божица Китановска – Бони, Тони Андреев, , Сијче Трајкова, Анастасија Филиповска, Ненад Јованов, Иван Милевски, Ангела Лавровска, Марија Јаковлевска, Никола Симоноски, Сара Сурлаџиоска, Марија Цветановска, Андријана Петрушовска и Александра Трајческа.

Во рамките на полуфиналната вечер, кандидатите имаа свое кратко претставување пред јавноста непосредно пред своите настапи.

Репризата на полуфиналето од „Заблескај“ можете да ја гледате денес на Телма, со почеток во 16 часот и 40 минути.

Големото финале, пак, премиерно ќе биде прикажано во петок, со почеток од 22 часот и 50 минути, а репризата е во сабота од 16 часот и 15 минути.

Во продолжение ве потсетуваме и на изминатите шест емисии, кои беа емитувани на јутјуб-каналот на „Убавина и здравје“…

Главни поддржувачи на „Заблескај“ се Орбит и Франк-кафе, а голема благодарност и до ЕРА козметика. Настанот го организира Колор медиа плус доо и магазинот „Убавина и здравје“, а наскоро ќе следува и втора сезона од шоуто.

Најдбриот штоќе ја однесе победата во музичкото талент-шоу добива песна од композиторот Иван Јованов, која ќе ја сними во дует со Елена Ристеска.

Фотографиите од полуфиналето можете да ги најдете ОВДЕ! 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.