Милица Павловиќ проговори за поранешниот дечко: „Тој е познат бидејќи го поврзуваа со мене“

„Тешка“ партнерка

Пејачката искрено за врската и разделбата со поранешниот партнер.

Пејачката Милица Павловиќ проговори за својот поранешен дечко, ватерполистот Николас Савељиќ. Таа смета дека тој станал познат дури откога го споиле со неа како нејзин партнер.

Тој е спортист, и тоа во Америка. Тој да е јавна личност?! Па можно е да е сега откако го поврзуваа со мене. Тогаш така можеш да мислиш и за секој нареден. И да не биде од јавната сфера, како што вие кажувате, тој ќе стане откако ќе се дознае дека ми е избраник, изјави Милица за „Стори“.

Што се однесува до планирањето семејство, Милица истакна дека се’ ѝ препушта на судбината.

Се ѝ препуштам на судбината. Не сум личност која ги планира работите, но секако им дека се надевам. Тоа за мене ќе биде потполно ново животно искуство и се` уште немам поим што ме чека во таа смисла, беше искрена пејачката.

Своевремено раскажа која била причината за разделбата со ватерполистот и истакна дека околностите биле такви што таа врска не можела да опстане.

Имавме убава љубовна приказна, бевме една година заедно. Тој живее на другиот континент, во Америка е, се занимава со ватерпол, заврши факултет… Имаше пречки, маки, временска разлика, па беше короната, не можеш да патуваш… Па кога ќе дојдеше се гледавме во Црна Гора. Што му правев на човекот, тоа беше страшно. Кога дојде во Белград, папарацо-лов не’ фати. Се криевме, ајде кај мене во стан, се’ нешто во четири ѕида, шетаме на Калемегдан, јас се криев со капа. Половина нека ми се простува, изјави пејачката во една пригода во емисијата „Амиџи шоу“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.