„Милица, ќе ти платиме за едниот силикон, додај за другиот“: Малите гради на Тодоровиќ се честа тема, а таа не сака да види пластичен хирург

Не попушта!

Пејачката Милица Тодоровиќ вели дека ги обожава своите мали гради и дека никогаш нема да вгради силикони.

Пејачката не ги осудува колешките кои често посетуваат пластичен хирург, но напоменува дека никогаш не ѝ паднало на памет да вгради силикони.

Не се жалам што имам мали гради, ги сакам такви какви што се. Немам потреба да ставам силикони. Кога само ќе помислам дека треба да ми ги сечат градите на местото каде што се наоѓаат жлездите и каде што треба детето да го дојам детето, желудникот ми се откорнува. Немам сили за тоа, раскажува Милица и додава дека нема ништо против жените кои одат на пластична операција:

Немам ништо против силиконите гради. Ако некоја жена навистина има потреба да ги зголеми градите и не е задоволна од својот изглед, тогаш треба да го направи тоа, вели пејачката.

Ми велат: ‘Ајде, Милице, ќе ти платиме еден силикон, а ти додади за другиот’. Клавијатуристот штосо мене работи со години еднаш ми рече: ‘Леле, бе, Милице, стави нешто во градите да заличиш на нешто’. Јас се смеам на таквите коментари, коткрива популарната пејачка и додава дека секогаш е задоволна од својот изглед, дури и кога има вишок килограми:

Никогаш не паднав во депресија поради килограмите. Кога ќе претерам со јадење, само ги намалувам оброците и тоа е тоа, искрено сподели Тодоровиќ.

Милица признава дека слатките ѝ ја лекуваат нервозата:

Се нервирам поради работата и кога нема да се насмеам, отворам тегла нутела да се смирам. Но не ми годи на подолги патеки, бидејќи потоа качувам некој килограм повеќе“, завршува пејачката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.