Милионери со огромно срце: Зошто илјадници луѓе излегле да ги поздрават Амал и Џорџ Клуни?

Не штедат пари!

Покрај со хуманоста, парот ги воодушевил присутните и со елегантната појава

Еден од омилените парови Џорџ и Амал Клуни го посетиле главниот град на Шкотска, за да присуствуваат на хуманитарната гала-вечер каде што им била врачена награда.

Церемонијата била одржана во свечената сала на Универзитетот во Единбург, а на Клуни им било врачено признание за интернационална хуманитарна работа преку нивната добротворна организација „Клуни фондација за правда“.

Познатиот актер и адвокатка за човечки права биле дочекани со овации од страна на илјада луѓе кои се собрале пред зградата на Универзитетот за да го поздрават популарниот пар кој несебично им помага на загрозените.

Покрај со хуманоста, парот ги воодушевил присутните со елегантната појава, особено Амал од која не ни очекувавме ништо помалку.

Адвокатката се појавила во тегет комбинезон на едно рамо и салонки во истата нијанса. Монотонијата ја разбила со црн кожен ремен кој и’ го истакнувал витиот струк и плико-чантичка со тигрест дезен.

Својата долга густа коса ја пуштила да паѓа во прекрасни, природни бранови, додека лицето и’ го красела дискретна шминка, малку поинтензивен розов кармин и неколку скапоцени едноставни обетки.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време