Секој што успешно одговори доби и убаво изненадување
Во пресрет на големиот празник Илинден, водителките Милена Антовска Станковска и Цеце Николова излегоа на улиците во Скопје и им поставија едноставно, но важно прашање на случајните минувачи: „Што славиме на 2 август?“.
Додека едни без двоумење го знаеја точниот одговор и се потсетија на историското значење на Илинденското востание, други беа затекнати од прашањето, што придонесе за низа интересни и забавни моменти.
View this post on Instagram
Секој што успешно одговори доби и убаво изненадување – карти за концерт на Александра Радовиќ, Сергеј Ќетковиќ или Јелена Розга, со што квизот прерасна во вистинска празнична акција која предизвика насмевки кај минувачите.
Видеото привлече големо внимание на социјалните мрежи, а коментарите покажуваат дека ваквите интерактивни содржини се одличен начин да се потсетиме на значајните датуми од македонската историја, но и да внесеме малку позитивна атмосфера во пресрет на празникот.
ФОТО: ИНСТАГРАМ