Милена Антовска: Во последен момент пред да се породам, ми се случи ОВА и многу се исплашив!“

Водителката поминала многу потешко со второто породување

Популарната водителка Милена Антовска (35), на 14.01, на големиот празник Василица на свет ја донесе својата втора ќерќичка Јоана. 

Се породи на клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје и задоволна е од третманот на вработените, особено на докторите кои и помогнале полесно да ги помине овие денови.

Сепак, на самото породување иако водителката инсистирала да ја породат по природен пат се случил пресврт, бидејќи  бебето во последен момент се свртело со нозете надолу, па докторите одлучиле дека за нејзина безбедност најдобро ќе биде да ја породат со таканаречениот царски рез.

 

Милена се исплашила, бидејќи е поборник на породувањето по природен пат, најмногу поради тоа што така многу побрзо би можела да им се врати на своите обврски и би била пофункционална за своето дете.

Во вакви моменти ништо не е во наши раце, се ќе се случи онака како што требало да биде. Јас сум благодарна на Господ и на сите кои беа околу мене што Јоана се роди жива и здрава. Се надевам и јас побрзо ќе закрепнам по породувањето за да можам да и се посветам на ќерка ми, прокоментира Милена.

Таа во моментов е во стабилна состојба, очекува за неколку дена да ја пуштат дома, каде ја чека сопругот Гордан заедно со нивната прва среќа, ќерќичката Лана Марија. Вели дека Лана со нетрпение очекува да ја гушне сестричката.

Да потсетиме, Милена и двете деца ги роди на големи празници, Лана е родена на голема Богородица 28 Август пред 4 години, а Јоана пред два дена на Василица. Коментарите на фановите на водителката се дека е таа посебна жена па затоа Господ ја благословил со две рожби на два големи денови за православните верници.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.