Мила Кунис се изгладнува до смрт: Тој е виновен за сè!

Преслаба

Сите се сомневаат дека Мила има големи проблеми во бракот

Американските медиуми неколку пати во текот на изминативе две години пишуваа дека бракот на актерскиот пар Ештон Кучер и Мила Кунис е на стаклени нозе и дека парот е пред развод поради различните карактери и недостигот на заеднички поминато време.

До развод сè уште нема дојдено, но прашање е колкава вистина има во приказната објавена од страна на магазинот National Enquirer пред една година, според која 36-годишната Мила се изгладнува до смрт поради стрес поврзан со поранешната сопруга на Ештон, 57-годишната актерка Деми Мур.

Имено, во тоа време Деми ја подготвувала својата автобиографска книга на мемоари, во која најавила дека ќе ги открие сите пикантерии од бракот со 41-годишниот Ештон, кој, како што тврдела, ја изневерувал и ја наговарал на секс во тројка за да го зачинат љубовниот живот.

Магазинот тогаш објавил дека Мила се плаши од тоа што ќе биде објавено во книгата и дека од стрес воопшто не може да јаде, па драстично губи килограми. Дури и разговарале со експерт за исхрана, кој кажал дека по издавањето на книгата на Деми, на Мила ќе ѝ треба храна и емоционална поддршка.

По излегувањето на текстот, се огласил портпаролот на Мила и кажал дека во сето тоа нема никаква вистина. А и кога ќе се споредат фотографиите на Мила денес и од пред година дена, не може да се забележи дека била драстично послаба во периодот кога Деми требала да ја објави книгата.

https://www.instagram.com/p/CDQoTRTH75p/

Освен тоа, актерката со грчки корени неодамна се појавила со Ештон во The Tonight Show на Џими Фалон и изгледала здраво и среќно, со што дефинитивно ги побила наводите дека се изгладнува.

Да се потсетиме дека парот е во брак од 2015 година и имаат четиригодишна ќерка Вајат и двегодишен син Димитри. Иако Ештон не одговорил директно на наводите од книгата на Деми Inside Out, актерот по објавата на книгата на својот твитер-профил објавил порака со која индиректно одговорил на обвинувањата од Деми дека ѝ бил неверен.

„Прво сакав да напишам многу саркастична порака. Потоа, ги здогледав син ми, ќерка ми и сопругата и ја избришав“, напишал актерот и подоцна додал:

„Животот е добар“, цитат што му го припишал на својот татко.

На крај, актерот го споделил својот телефонски број, на кој обожавателите можат да го контактираат, со пораката:

„Ако ја сакате вистината, испратете СМС.“

Мила Кунис и Ештон Кучер ги откриле СИТЕ детали од својот развод
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.