Миа Костова откри колку заработува од инфлуенсерство: „Колку министер кога краде“

Искрено признание за заработката

Инфлуенсерката со шега одговори на прашањето дали месечно заработува колку просечна министерска плата без дополнителни приходи.

Инфлуенсерката Миа Костова во гостување откри детали за заработката од нејзината работа на социјалните мрежи, а нејзиниот одговор предизвика внимание поради шегата што ја направи во емисијата.

На прашањето дали нејзината месечна заработка е приближна на просечната плата на еден министер, која водителот ја спомена како околу 2.000 евра и низ смеа рече тоа е сума без да краде, Миа веднаш одговори:

Заработувам колку министер кога краде“.

Со оваа изјава таа алудираше дека нејзините приходи се повисоки од износот што бил споменат во прашањето, но одговорот го даде во шеговит тон, без да открие точна сума.

Костова, која со години е активна во дигиталниот простор, често зборува отворено за инфлуенсерството како професија и за начинот на кој се создаваат приходи преку реклами, соработки и присуство на социјалните мрежи.

printskrin youtube – Prvatv

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе