„Ми рече дека нема да умрам“: Со години посетувала доктори, цел живот мора да се справува со истото

Шоубизнис

Пејачката собра сила да зборува за проблемот кој траел со години.

Славица Ќуктераш со години се борела со големите стравови и напади на паника, мислејќи дека има проблеми со срцето. Одела кај разни доктори, но сите и’ велеле дека е здрава.

Меѓутоа, пејачката мислела дека ќе се задуши и секојдневно се борела со тешките мисли кои постојано и` доаѓале. Таа состојба траела две години додека ја открила точната дијагноза – тешка аксиозност.

Тоа го дознала кога била кај невропсихијатар:

Првпат и` реков дека ќе умрам, а таа ми рече ,,нема”. Мене ми е неверојатно лошо, не смеам да одам на улица. Таа ми рече дека тоа е состојба, дека не е болест, дека тоа го има секоја втора личност и дека нема да умрам, раскажува пејачката, па додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slavica Cukteras (@cukterasslavica)

Еднаш и` се јавив пред настап во еден наутро и и` реков: ‘Јас не можам да излезам на бината, ако застанам на сцената, јас ќе умрам’. Тогаш ми рече: ‘Славица, нема да умрете’. Но ќе паднам во несвест. А таа ми одговори: „Па, ако паднеш, некој ќе те дигне“.

Стравот дека ќе се онесвести бил толку интезивен што морала да се бања со отворени врати. Се плашела од се’, освен од авион:

Ми зборуваа дека измислувам, а кога ми го кажуваа тоа, ми стануваше уште полошо. Подоцна докторката ми рече да престанам да им зборувам на лица кои не разбираат, туку само да ја препознаам состојбата, да се запознаам и да се канализирам“, раскажа пејачката во емисијата ТВ Прва „На прво место“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.