Меган Маркл танцува и меша со колковите среде улица (ВИДЕО)

Што ли ќе каже кралицата Елизабета за ова?

Принцот Хари и војвотката од Сасекс со синот Арчи отпатуваа во официјална посета на Јужна Африка.

Славната двојка се сретна со некогашните жители на заедницата Дистрикт 6, во која живееја припадници на различни раси, а кои се раселија во текот на периодот на апартхејд.

По оваа посета на кралската двојка, најголемо внимание привлече снимката на која Меган танцува со насобраните жители. Имено, таа срамежливо ја прифати поканата за танц, а во еден миг и’ се придружи и принцот Хари.

Сега сите ја очекуваат реакцијата на кралицата Елизабета поради „врцкањето“ на Меган…

 

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.