Меган Маркл откри дека го загубила бебето под присила на Хари?

Испливаа нови детали

Откако минатата недела Меган Меган во своето потресно писмо за „Њујорк тајмс“ откри дека во јуни годинава го изгубила второто дете, 39-годишната актерка и понатаму е главна тема во  медиумите. Според написот на магазинот „Венити фер“, иако Меган во писмото објаснила како сакала да го сподели своето искуство за спонтаниот абортус за да ги отстрани табуата и стигмата од истите, сега се појавија информации дека наводно таа била присилена на такво нешто.

Како што објаснува Кејт Никол, дописничка за споменатиот магазин, принцот Хари одиграл клучна улога во нејзината одлука. Тој ја натерал сопругата да го сподели своето болно искуство со јавноста.

Причината за таквата одлука, според споменатата дописничка, лежи во тоа што кралската двојка сакала со овој чекор да ги привлече потребните
симпатии во јавноста, која во последната година не им е наклонета.

Кејт смета дека не е јасно дали Меган во овој момент била целосно емоционално и ментално подготвена за да го сподели со јавноста таквото трауматично искуство, но со оглед на тоа дека двојката постојано работи на подигање на свеста за важноста на менталното здравје, не чуди тоа што се одлучиле да проговорат и за сопственото трауматично искуство, кое неретко остава траги врз менталното здравје, особено на жената која поминала низ такво нешто.

 

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.