Меган Маркл и принцот Хари развиваат сопствена империја „Архвел“

Нивното ново кралство

Меган Маркл и принцот Хари создаваат нов бренд Архвел, кој ќе вклучува веб-страници, филмови и награди.

Нивниот нов план е откриен во списокот објавен на веб-страницата на Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД.

Архвел ќе го замени брендот Сасекс Ројал, кој првично го користеа во Велика Британија, но Бакингемската палата им забрани да го користат тој бренд.

Поднесената апликацијата опфаќа едукативни материјали, веб-страница за исхрана и општо здравје, по примерот на успешната страница за животен стил на Меган, која ја затвори по нејзиниот брак со Хари.

Хари и Меган изјавија дека не сакаат да ги објават своите планови, но мора да одговорат откако Дејли Телеграф откри детали за нивниот нов план.

Нашиот фокус е да ги поддржиме напорите за борбата против глобалната пандемија на корона вирусот, но со оглед на објавувањето на овие информации, решивме да ги споделиме нашите планови“, се вели во нивната официјална изјава.

Тие рекоа дека концептот зад марката е резултат на добротворна организација што еден ден планираат да ја започнат и дека истиот е инспирација за името на нивниот син.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.