Меган Маркл и принцот Хари повторно ќе го изговорат судбоносното „да“ на романтична церемонија покрај океанот

Принудени се да ги обноват заветите на американска почва

Принцот Хари ќе мора да се ожени со Меган Маркл во САД доколку сака да добие дозвола за работа во Америка, пренесуваат американските медиуми.

На тој начин, британскиот принц ќе добие американско државјанство и ќе може легално да работи во САД, каде што тој и поранешната холивудска актерка одлучија да го продолжат својот живот по напуштањето на кралските должности во Велика Британија, пренесуваат агенциите.

Откако ќе заврши карантинот, кој го поминуваат во својот нов дом во Лос Анџелес, бракот ќе се склучи според законот на САД. Романтичната церемонија ќе се одржи под шатори покрај океанот.

За нивната втора венчавка, Хари и Меган поканиле неколку свои роднини и блиски пријатели, како Елтон Џон, Опра Винфри, Џенифер Лопез, Анџелина Џоли, Серена Вилијамс, Џорџ Клуни, Џеј Зи и Бијонсе.

Во САД, Хари планира да создаде финансиски фонд, да регистрира личен бренд и да напише книга. Меган, сепак, има намера да му се врати на снимањето и да продолжи да ги синхронизира анимациите на Дизни.

Исто така, таа сака да објави мемоари во кои ќе напише за тешкотиите со кои се соочила за време на нејзиниот живот во кралското семејство.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.