Меган Маркл: „Хари и Арчи имаат кралска крв во нив и тоа никој не може да им го одземе“

По повод забраната од кралицата таа и Хари да ја употребуваат придавката „кралски“

Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) „не можат да бидат законски спречени да го користат зборот кралски (ројал), иако кралицата Елизабета ΙΙ им го забрани тоа“, наводно војвотката од Сасекс им соопштила на своите блиски пријатели, пишува „Дејли мејл“.

ЗАБРАНА: Хари и Меган Маркл мора да се збогуваат со придавката „кралски“

На официјалната инстаграм-страница @sussexroyal беше објавено следново соопштение:

Иако не постои каква било надлежност на монархијата или на владиниот кабинет над употребата на зборот кралски во странство, војводата и војвотката од Сасекс немаат намера да го користат Сасекс ројал, а ни кралски на која било територија“, стои во соопштението.

 

 

View this post on Instagram

 

Coming soon… #WeAreInvictus • *Disclaimer – this is not a real text conversation*

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

Според „Дејли мејл“, Маркл им се пожалила на најблиските „пријатели“ дека користењето на придавката „воопшто не би требало да претставува проблем“.

Па не продаваме маици и пенкала“, рекла Маркл.

Меган вели дека во нејзиниот живот има доволно драма и дека нема време за критичари и за луѓе што ќе ѝ кажуваат нејзе и на нејзиниот сопруг што не треба да прават“, рекол пријател на Меган за „Дејли мејл“, кој бил запознаен со ситуацијата.

Според него, веста за забраната ја повредила поранешната холивудска актерка.

Меган изјави дека нејзините глобални проекти зборуваат сами за себе и дека таа и Хари одлучиле да го користат името Сасекс ројал за да го заштитат кралското име, а не да заработат пари на него“, појаснил пријателот.

Исто така, пријателот рекол дека Меган смета дека заедно со Хари ќе успее без оглед на тоа дали ќе го употребуваат зборот „кралски“ или не.

Меган рече дека Хари и Арчи имаат кралска крв во нив и тоа никој не може да им го оспори. Таа додаде дека тие секогаш ќе се сметаат за членови на кралското семејство, без оглед дали го користеле зборот кралски или не. Исто така, Меган рече дека Хари и таа создаваат подобар свет за Арчи и дека тој ги држи фокусирани“, додал изворот.

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.