Меган Маркл (39) доживеала абортус: „Додека го држев синот во раце, почувствував дека го губам другото дете!“

Тага

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, открила шокантни детали за абортусот и тагата низ која поминала

Најнова шокантна исповед на Меган Маркл! Имено, таа раскажала како во јули оваа година имала абортус. Го опишала тоа искуство како „речиси неподнослива тага, која многумина ја искусила, а за која ретко кој зборува.“

Забележала дека „и покрај неверојатното заедништво што го носи болката“, оваа тема останала табу и дека „предизвикува (неоправдан) срам и осамено тагување“.

Поради тоа, одлучила да зборува за тоа со цел да ги поттикне и другите да го направат истото, да слушаат и да си го олеснат товарот себеси и на другите.

„Додека го држев своето првородено дете, знаев дека тоа е моментот кога го губам другото“, открила војвотката од Сасекс.

Открива дека тој ден го започнала како и секој друг, пред да почувствува остра болка во стомакот и веднаш сфатила дека ќе го изгуби бебето.

„Тоа беше едно јулско утро кое започна вообичаено како и секој друг ден: Правите појадок. Го нахранувате кучето. Земате витамини. Го наоѓате чорапот што ви фали. Ја подигнувате боичката што се стркалала под масата. Ја врзувате косата во опавче пред да го земете синот од креветчето.

Откако му сменив пелена, почувствував силен грч. Клекнав со него во прегратки и почнав да му пеам приспивна песна, за да нè смирам двајцата. Веселата мелодија беше целосно спротивна на моето чувство дека нешто не е во ред. Знаев дека додека го држам своето првородено дете, го губам второто.“

Меган била префрлена во болница, каде што таа и Хари завршиле прегрнати и скршени од болка.

„Ја почувствував неговата дланка и му ги бакнав прстите, мокри од нашите солзи“, напишала таа.

„Гледајќи во ладните бели ѕидови, очите ми се насолзија. Се обидов да си замислам како ќе се извлечеме.

Да се изгуби дете значи да се носи речиси неподнослива тага, која многумина ја искусиле а ретко кој зборува за неа. Во болката од загубата, јас и сопругот откривме дека од 100 жени, 10 до 20 ќе доживеат абортус. И покрај тоа, ова останува табу.

Некои храбро ги споделија своите приказни, ја отворија вратата, знаејќи дека кога една личност ја говори вистината, тоа ни дава дозвола на сите нас да го сториме истото. Дознавме дека кога луѓето прашуваат како му било на некој од нас и кога ги слушаат нашите приказни, со отворен ум и срце, товарот од тагата честопати станува полесен, за сите нас. Кога сме повикано да ја споделиме својата болка, заедно ги правиме првите чекори кон излекувањето“, рекла Меган Маркл.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.