Меган и Хари објавиле божиќна честитка со синот: Сите велат дека со ова му забиле нож во грб на кралското семејство

Комплетно отуѓени

Кралското семејство им вели да се вратат од Канада, но тие не сакаат да чујат

Принц Хари и Меган Маркл се поканети од страна на кралското семејство да се вратат од странство и да го поминат Божиќ во Велика Британија, бидејќи принц Филип е хоспитализиран веќе четврти ден.

Парот го пропуштил предбожиќниот ручек на кралицата во Бакингемската палата и нема да присуствуваат на традиционалниот собир на кралското семејство на приватниот имот во Сандрингам на Божиќ.

Војводата и војвотката од Сасекс моментално се наоѓаат во Канада со својот осуммесечен син Арчи. Тие планираат да поминат шест недели во оваа земја за да се одморат од притисокот на јавноста и медиумите.

На инсистирање на кралското семејство да се врата, парот објавил семејна божиќна честитка на која во прв план е Арчи, додека зад него седат Меган и Хари пред елката.

https://www.instagram.com/p/B6b7-pDn5nV/?utm_source=ig_embed

Кралското семејство им замерува на Хари и Меган што слават Божиќ посебно, со оглед на тоа што на принцот Филип му е лошо, па ова можеби е последниот Божиќ на кој сите ќе бидат заедно.

Што се однесува до Арчи и неговото присуство на семејната прослава, добро информиран извор вели:

„Многу од членовите на семејството беа воодушевени што ќе го видат Арчи за Божиќ, но сега им е кажано дека детето не е во земјата. Општиот впечаток е дека и двајцата се невнимателни и себични, со оглед на староста на кралицата и принц Филип.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.