Меган и Хари ја споделија својата новогодишна честитка (ФОТО)

Тој е најслаткото нешто изминатата година

Војвотката и војводата од Сасекс, Меган и Хари ја објавија својата новогодишна честитка на официјалниот профил на Инстаграм.

Станува збор за видеокомпилација од најубавите моменти на кралската двојка во изминатата година, а сосема очекувано, централен настан е раѓањето на нивниот син Арчи. Во компилацијата се најде и нова фотографија од него, снимена за време на празниците во Ванкувер.

Арчи на фотографијата носи нова капа, јакна и чизми од овча кожа, подарок од австралискиот гувернер Питер Кросгрув.

Ни беше чест да се запознаеме со сите вас низ светот и едвај чекаме да запознаеме уште повеќе следната година. Се надеваме дека 2020 ќе ви донесе здравје и среќа“, пишува во описот на видеото.

 

Видео: Инстаграм

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.