Како ништо да не се случило
Се чини дека сè е апсолутно планирано во нивниот живот, па така и објавата на новата семејна фотографија откако гледачите ширум светот го изгледале нивното интервју што ѝ го дале на Опра Винфри и во кое воопшто не го штеделе кралското семејство.
Само неколку часа откако беше прикажано интервјуто што го дале Меган и Хари, а кое со недели се очекуваше, по повод Денот на жената, нивниот пријател и фотограф Мисан Харимен на својот инстаграм-профил објавил нова фотографија од среќното семејство, секако во договор со нив.
На фотографијата, 39-годишната Меган облечена во цветен фустан, го држи во прегратка малиот Арчи, кој во мај ќе го прослави вториот роденден, држејќи го над зголемениот труднички стомак, додека принц Хари босоног ги прегрнува двајцата одзади.
View this post on Instagram
Црно-белата фотографија е објавена откако јавноста дознала дека Меган и Хари овој пат очекуваат девојче, па фотографот напишал:
„Има ли поубави вести за прослава на интернационалниот Ден на жената од овие?! Ви честитам, пријатели мои и добредојде Х. во клубот на татковци и ќерки.“