Медицинска сестра ѝ одржа лекција на „разгалената“ водителка (ФОТО)

Покажа како го поминува викендот

Од некоја причина, објавите на славната американска водителка Елен Деџенерис посебно им одат на живци на луѓето во овие тешки времиња.

Меѓу најновите фотографии објавени на нејзиниот твитр-профил, каде, инаку, ја следат 80 милиони луѓе, Елен седи во својата дневна соба со тажен израз на лицето, опкружена со своите домашни миленичиња.

Вака си поминуваме во сабота“, напиша водителката на Твитер.

Дај, биди корисна, преправај се дека читаш книга ако ништо друго“, „На кого му е гајле?“, се само дел од негативните коментари што се нижат под објавата на Елена, а една медицинска сестра тиде чекор подалеку во осудувањето на водителката и сподели фотографии од својата 16-часовна смена во болницата во саботата.

Елен, јас вака ја поминувам саботава, а и утре работам“, порача медицинската сестра.

Фото: Twitter, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.