Мажите му завидуваат поради бившата, а се зборуваше дека геј: Еве кои услови мора да ги исполни секоја негова девојка!

Турскиот Аполон

Многумина се прашуваат какви девојки сака Џан Јаман, еден од најзгодните турски актери

Славниот турски актер Џан Јаман привлекува внимание каде и да се појави, а многу жени лудуваат по него. Со своето појавување на филмскиот фестивал во Венеција неодамна направи вистински бум.

До него на црвениот килим се појавила и младата италијанска актерка Франческа Килеми, која воодушевила со својата убавина. Многумина помислиле дека има нешто меѓу нив двајца, но нема официјална потврда за тоа.

Покрај со Франческа, Џан го имаат поврзувано и со други убавици, а неговиот најпознат избор е најубавата италијанска водителка Дилета Леота.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @canyaman.land

Инаку, славната водителка не престанува да привлекува внимание со својот атрактивен изглед, а многу мажи би дале сè за да биде со неа.

По раскинувањето со прекрасната водителка, долго се пишуваше дека турскиот заводник, всушност, бил во врска со 10 години постарата актерка, Израелката Морана Атијас.

Се зборуваше и дека актерот е геј и дека врските со девојки му служат само како параван, но во меѓувреме се дозна и листата на критериуми што неговите потенцијални девојки мораат да ги исполнат за да го привлечат вниманието на Јаман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosa Giovanna Vergani (@rosavergani)

Па така, покрај убавината, тие мораат секогаш да бидат весели, насмеани, ведри, енергични, а доколку не го привлекува мирисот на нивната кожа, нема шанси да започне врска. Јаман не сака премногу гласни жени, како ни такви што се однесуваат како мажи, а не му се допаѓаат ни такви што се мистериозни.

Згодниот турски заводник заменил една убавица со друга: Ја оставил Дилета Леота поради 9 години постара жена?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.