Марија Шерифовиќ им одговори на фановите: „Не настапувам за Нова година“

Одлучи да ги „казни“

Популарната пејачка одлучи да не ја дочека Новата година со обожавателите.

Како што дојде декември, а се ближи и Новата година, се поставуваат прашања во врска со новогодишната ноќ. Пејачите имаа закажано настапи со месеци однапред, но остана нејасно каде ќе пее пејачката Марија Шерифовиќ.

Марија е активна на Инстаграм, па таму се пожали дека добила многу пораки за тоа каде ќе настапи за новогодишната ноќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Имено, пејачката одлучи да им стави крај на сите шпекулации, па со едно видео одговори на своите следбеници.

Луѓе мои, деновиве ме преплавивте со пораки каде ќе настапам за пречекот. Значи, за Нова година не настапувам 99 проценти. Ќе одморам, седам, јадам, грицкам, ќе се сончам, убавина Божја“, рече таа.

Имено, Марија за дочекот на 2022 година настапи во Белград пред Собранието на Србија, каде што подготви вистински спектакл.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.