Манекенката Бела Хадид го победи порокот: „Алкохолот е мое минато, го испив својот дел!“

Хадид ја доби битката

Бела Хадид во своето интервју за магазинот „Ин стајл“ објасни како се справила со алкохолoт. Таа истакна дека имало денови кога не можела да се контролира во пиењето и престанала да пие кога докторот и ги покажал ефектите на алкохолот врз мозокот.

„Се откажав од алкохолот, кој го сакав. Дојдов до моментот кога почнав да откажувам ноќни излегувања, бидејќи кога пиев не можев да се контролирам“, истакна Бела Хадид.
Таа стана ко-основач и партнер на бренд за безалкохолни пијалоци.
„Не чувствувам потреба да пијам алкохол бидејќи знам како тоа ќе влијае на мене во три часот наутро кога ќе се разбудам со страшна вознемиреност размислувајќи за нешто што го кажав пред пет години, кога завршив средно училиште. Социјалните медиуми не се реални. Самопомош и ментална болест не се линеарни, тие се како лизгалка, со подеми и падови. Но, сакам да знаете, на крајот од тунелот секогаш има светло, а тобоганот секогаш во одреден момент целосно застанува“, истакна манекенката.

Бела Хадид беше уапсена и обвинета за возење во пијана состојба во 2014 година, за што доби шест месеци условна казна, 25 часа општествено корисна работа и 20 часа средба со анонимен алкохоличар.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.