Мајли Сајрус ја шокира јавноста со вулгарностите и навредите изговорени во живо (ВИДЕО)

Реакции од геј-популацијата

Фото: Getty Images

За многу кратко време пејачката Мајли Сајрус успеа да се разведе со актерот Лијам Хемсворт, да заплови во љубовна врска со блогерката Кејтлин Картер, да раскине со неа, и повторно да се впушти во врска со маж, својот колега Коди Симпсон. И сето тоа го проследија светските медиуми, од кои Мајли, очигледно, ништо не крие.

Сега во „муабетењето“ со новото момче на Инстаграм пред сите обожаватели го нападна бившиот сопруг, кој по разводот ѝ порача дека ѝ посакува сè најдобро.

Мора да најдете некој што има к*р, а не е к*р од човек“, е само една од вулграностите што ги изговори пејачката во своето директно обраќање на Инстаграм.

 

Секогаш мислев дека мора да бидам геј бидејќи сите мажи се злобни, но тоа не е вистина. Постојат добри луѓе што имаат к*р. Сретнав еден, и тој е сега со мене во овој разговор во живо“, изговори Мајли, мислејќи на својот сегашен партнер.

Навредливите изјави на сметката на Лијам се повеќе од очигледни, а особено ги изненадија хомосексуалците, кои ѝ забележаа заради изјавите во кои ги спомнува на погрден начин.

Мајли, ова не е вистина. Жените не мора да бидат геј затоа што не можат да најдат личност со к*р. Не обвинувај ги хомосексуалците затоа што не можеше да најдеш момче“, е само еден од коментарите.

 

 

View this post on Instagram

 

Tat Queen / King 👸🏼🤴🏼@billyidol @perri.lister

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus) on

Фото: Инстаграм, Getty Images

Видео: Твитер

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време