Мајли Сајрус го потстрижува момчето во провокативна долна облека и подврски (ФОТО)
И тоа го видовме
Контроверзната пејачка Мајли Сајрус (27) и нејзиното ново момче, музичарот Коди Симпсон (23) по повод отворањето на Суперболот во САД одлучија да ги заинтригираат своите обожаватели со црно-бели фотографии, кои ги објавија на Инстаграм.
На нив ја гледаме пејачката како во секси долна облека и подврски го потстрижува музичарот, кој е исто така разголен до половината.
Супербол суперстрижење“, кратко порача младиот Коди во описот на објавените фотографии.
Инаку, ова не е првпат оваа музичко-љубовна двојка да објави провокативна содржина на социјалните мрежи.
Покрај музиката,, дефинитивно и двајцата имааш уште нешто заедничко – потребата да ја шокираат јавноста…
Фото и видео: Инстаграм