Мајка ѝ ја турнала право во светот на детската порнографија: На 10 години се сликала гола за „Плејбој“!

Актерка без улоги

Ја следи актерско проклетство: остана во сенката на една добра улога

Скандалите во Холивуд не ја одминаа ни актерката Брук Шилдс која денес слави 55-ти роденден. Уште како дете започна актерска и манекенска кариера. Најпозната е по улогата во филмот „Сина лагуна“, а многумина се сеќаваат на 13-годишната Брук од контроверзниот филм „Pretty Baby“. Таму глумеше детска проститутка, а поради таа улога, имала бројни проблеми.

Поради разголените сцени во споменатиот филм, паднале обвинувања за детска порнографија. Јавноста ја осудила нејзината мајка, исто така поранешна актерка Тери Шилдс. Никој не можел да поверува дека таа, како актерка и продуцентка, дозволила својата малолетна ќерка да се вовлече во такво нешто, а знаела за што се работи. Но Тери, ги игнорирала коментарите. Се шушкало дека сакала и да ги продаде заводливите фотографии од Брук во филмот.

Три години пред тоа, јавноста останала шокирана кога тогаш 10-годишната Брук позирала гола за професионален фотограф. Додека многу детски ѕвезди од тој период позирале во бунди, шетале на детски ревии, играле во слатки реклами, таа тргнала во потполно друга насока. Таа нејзина фотографија била наречена „Духовна Америка“ и Брук била нашминкана на неа.

Требала да биде изложена во галеријата Tate Modern во Лонодн, но по предупредувањата на полицијата, била отстранета, фотографиите биле објавени во списанието Sugar And Spice, едно од изданијата на „Плејбој“. Брук своевремено зборувала дека има трауми поради тоа што го работела како девојче, иако тогаш не била свесна колку е тоа опасно.

Со оглед на тоа што Брук многу млада влегла во холивудскиот свет на глумата и моделството, до својата 16-та година станала едно од најпрепознатливите лица. За тоа се заслужни повеќето провокативни и контроверзни актерски улоги. Иако мајка ѝ го одобрила нејзиното голо позирање и контроверзната улога во Pretty Baby, Брук изјавила дека Тери секогаш се грижела за неа.

„Секогаш кога некој ќе ме погледнеше, таа му велеше: ’Ќе ти ги отсечам ј****а и ќе те натерам да ги изедеш’“, раскажала Брук своевремено.

Но мајката и ќерката немале секогаш хармоничен однос. Често имале проблеми, бидејќи Тери се борела со зависност од алкохол. Тери починала во 2012 година.

https://www.instagram.com/p/B-naKONHLIe/?utm_source=ig_embed

Од „Сина лагуна“, филмот од 1980 година, Брук немала ниедна позабележана улога. Сепак, се има појавено во бројни серии и филмови, а гледачите особено ја паметат по нејзината убавина. Иако има 55 години, Брук и понатаму мами погледи со изгледот и важи за една од најубавите жени во актерската индустрија.

Брук се венчавала два пати. Две години поминала во брак со тенисерот Андре Агаси, а во 2001 година се омажила за Крис Хенчи, со кого има две ќерки.

https://www.instagram.com/p/CAAo3_UAZvs/?utm_source=ig_embed

Познати дами кои имаат над 50 години и уште едно нешто заедничко: Никогаш не легнале под нож за убавина!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.