Маестрален концерт на Николче Мицевски во Македонската филхармонија

Концерт за паметење

Сцената на Македонската филхармонија блесна во полн сјај, а публиката уживаше во секој миг од ова извонредно музичко и визуелно патување

На 21.03, во рамките на 30-годишниот јубилеј на „Авалон“, нашиот познат композитор Николче Мицевски го промовира својот албум „Нова ера“ со концерт за паметење.

Сцената на Македонската филхармонија блесна во полн сјај, а публиката уживаше во секој миг од ова извонредно музичко и визуелно патување.

 

Заедно со неколку познати инструменталисти и вокални солисти, во придружба на бенд составен од 50 академски музичари, Николче Мицевски ѝ даде ново значење на македонската инструментална музика, додека присутните воодушевено ракоплескаа и бараа уште.

 

 

Инаку Николче Мицевски е генијалниот ум што стои зад многу успешни музички проекти, како што се двата албума „Македонско девојче“ на Каролина Гочева, како и преработките на „Некст Тајм“. Овој пат тој ја покажа музиката што извира од неговата душа и слободно можеме да кажеме вакви маестрални концерти несомнено заслужуваат реприза!

ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.