„Љубовта згасна, бракот ни се распадна одамна…“ Бившиот сопруг искрено проговори за разводот со Наташа Беквалац

Разводот на Наташа и Дача следуваше по тешката сообраќајна несреќа на славниот ватерполист.

На 28 јуни 2008 година во медиумите како бомба одекна веста дека познатиот ватерполист Данило Икодиновиќ имал тешка сообраќајна несреќа и дека за влакно го избегнал смртоносниот исход.

Најголема поддршка во деновите поминати во болница и за време на закрепнувањето му беше неговата тогашна сопруга Наташа Беквалац. Сите се сеќаваат на нејзините солзи пред новосадската болница кога таа не знаеше дали Дача ќе преживее или не. Но, со голема сила и желба, спортистот излезе како победник од најтешката битка во животот, а потоа доживеа нов пораз.

Познат како некој кој нема влакна на јазикот, Данило Икодиновиќ му ја отвори душата на Милан Калиниќ во неговата авторска емисија „Преживеани“, зборувајќи за ќерките, разводот со Наташа, сообраќајката, како и за неговата сегашна сопруга и најголема љубов, Маја Огњеновиќ.

Едната ќерка, Андреа, сега има 20 години. Со двете ќерки имам одличен однос, иако не живеам со нивните мајки. Андреа немаше ни 7 години кога јас доживеав несреќа, а Хана имаше само една година. Се качив на моторот пијан. Имав 1,70 промили алкохол во крвта. Сакав малку да се опуштам, пред првенството, во прашање беше Малага.

 

Не знам како ќе живеев доколку, не дај Боже, убиев некого. Себеси си направив сè. Престигнував цела колона, кога паднав од моторот почна да врне  пороен дожд… На суд кажав дека сè е моја вина. Не ни закочив, трагите од кочење беа минимални. Полицаецот што вршеше истрага потоа ми дојде во кафеана и ми рече дека сум летал 86 метри, човече, тоа е фудбалско игралиште. Брзата помош дојде за 15 минути.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PRess Serbia (@pressserbia)

Докторите не знаеја како останав жив. Физички никогаш не бев во подобра форма, тоа ме спаси. Точно е дека лекарите околу мене се потрудија малку повеќе, антибиотикот итно беше донесен од странство, тогашниот претседател се заложи за мене, тоа е вистината – изјави Икодиновиќ.

Кога се разбудив по несреќата, раката ми беше откачена. Гласните жици ми беа оштетени, не можев да зборувам. Докторите прво ми го спасуваа животот, па раката. Ми беа скршени ребрата, целиот сум со лузни. Нервите на вратот ми беа приклештени, не можев да се движам. Веднаш бев свесен дека нема ништо од раката. Веднаш ми рекоа дека тоа е невозможна мисија. Потоа почнав скоро од нула. Што знаев да правам во тој момент освен да играм ватерполо? Ништо – искрен беше Данило.

Многу се пишуваше дека разводот на Наташа и Дача се случил поради несреќата што ја предизвикал Икодиновиќ, но вистината е многу поинаква.

Беше потребно долго време да се расчисти сè. Несреќата не влијаеше многу на разводот. Веќе се распаѓавме со Наташа. Разделбата дефинитивно би се случила. Нови Сад никогаш не бил моја средина, не е мој град. Заминував и се враќав таму, постојано бев на пат… Се стремев да се вратам дома во Белград. Тешко ми беше поради сè што се објавуваше во медиумите. Чувствував олеснување по разводот, како да симнав тежок ранец од грбот. Со Маја почнав да се гледам по отворањето на кафеаната, таа многу влијаеше на мене. Ме смири, јас се растргнував многу заради бизнисот. Таа ми влеваше сигурност. Се запознавме во кафеаната. И кога престанав со кафеаната, таа ми рече: „Еј, ќе средиме сè“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.