Лила Филиповска падна од коњ на магаре… буквално (ВИДЕО)

Циркуси!

Водителката на најгледаното гејм-шоу „Сè или нешто“ ужива во единственото доживување.

Нашата позната водителка Лила Филиповскаденовиве е на туристичка тура во Јордан со „Војажер туристик“, од каде што  преку видеопораки објавени на својот инстаграм-профил секојдневно ги информира своите многубројни следбеници како си поминува.

Па така, имавме можност да ја видиме како се „крштева“ во водите на реката Јордан, на местото на кое бил крстен и Исус Христос од страна на Јован Крстител, како спие во хотел-балон среде пустина, пие чај во бедуински камп, боса се качува по пустинските дини, обуена по карпи, позира со камили, гушка мачка, јава коњ, а по коњот, како што и самата се пошегува, Лила се качи и на магаре… поточно на магарица Зузу.

Она кога ќе паднеш од коњ на магаре, се пошегува Лила, и додаде:

Ете, драги гледачи, вашата водителка и на магаре се качи, може и тоа, добро, посакајте ми среќа!

Добро утро од месечината или од пустината Вади Рум наречена пустина на месечината… пустината на Лоренс од Арабија. Пространо место со романтичен дух. Пространо место со романтичен дух и убава енергија, им порача Лила на своите следбеници, додавајќи во свој стил:

Не знаете дали сте во пустина, дали сте на планетата Земја или можеби на Марс!

Интересно е тоа што Лила успеа да најде и снаа за својот мачор Рагнар, кој со нетрпение ја чека да се врати, додека занего се грижи синот на водителката Филип Филиповски.

Текст: Б. Стојменовиќ

Видео и фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.