Лила Филиповска: „Која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате одвратни коментари за некој кој за жал веќе не е меѓу живите“

Популарната водителка веќе не може да молчи…

По повод веста дека инфлуенсерката Маја Миа е пронајдена мртва, се огласи и популарната Лила Филиповска, која едноставно, не можеше да молчи…

Не знам, веројатно по дома вашите жени и ќерки се светици, зошто очигледно по вашите коментари сите останати се неморални и лесни жени! Не дај боже да е убава и успешна, е тогаш почнува вистински натпревар, кој поОдвратен и позлобен коментар ќе остави! Па уште си се дополнувате (леле, баш така, во право си, брат… леле, што убаво ѝ пиша), мизерии едни мизерни!!! Па добро, вие имате ли барем малку мозок, емпатија… некакво чувство?! Имате ли сeмејства, роднини, колеги, комшии од кои треба барем малку да ви е срам?! Имате ли? Па која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате одвратни коментари за некој кој, за жал, веќе не е меѓу живите, а притоа е млада жена, а освен името ништо друго не знаете за неа! Па она има и родители, семејство кое е во неверојатен шок, преживува трагедија… Изгубиле дете! Срам да ви е! А одите во црква, се крстите, се молите на бога, слави славите, наредени икони и светци низ куќа. Безбожници едни!!! Ама да си знаете, истиот тој бог ќе ви суди, секому според заслуга! Оставете девојката да почива во мир и сочувство до нејзиното семејство за оваа голема и ненадоместлива загуба…. 🙏, стои во нејзината објава на Фејсбук.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.