Ликовите на Тамара Тодевска, Елена Ристеска и Тоше ги красат телата на нивни фанови

Ги обожаваат до тој степен што ги тетовирале на себе

Тетовирањето не е само цртеж на кожата, туку живот. Без разлика дали трајното нанесување на мастила во различни бои симболизира бунтовност, специфичен начин на изразување или уметност, секогаш најважна е приказната. Со различни мотиви своите тела ги имаат „насликано„ и многу домашни познари личности и додека дел од нив на себе имаат исцртано важни семгенти од животот, некои од нивните фанови решиле да отидат еден чекор подалеку, па ги истетовирале нивните ликови на своите тела.

Пред повеќе од 10 години главна вест во медиумите беше Михало Бошковски кој го има исцртано ликот на Тоше Проески.
Неговиот лик ми е точно над срцето, таму се чуваат само драги личности. Тоше како мој идол многу ми има помогнато да ја формирам мојата личност. Мислам дека никогаш нема да зажалам што го  направив ова, сега ми е некако исполнета душата. Чест ми е што го носам ова на сее. Тоше е Тоше, не е кој било. Трпев четири и полчасовна болка, но мислам дека не ја чувствува ни болката од возбудата и посебно бев исполнет додека ме црташе тату – мајсторот“, откри Михаило.
И Елена Ристеска може да се пофали со тоа дека има посветен фан кој ја носи на телото, како тетоважа се разбира. Станува збор за скопјанката Елеонора Неделковска, кој всушност го има истетовирано потписот на пејачката на својата половина.
Елена ја знам уште од времето пред да стане позната. Според мене таа е најдобрата пејачка кај нас  и ги има најголемите хитови. Тетоважата ја направив пред две години, едноставно добив желба нејзиниот потпис да биде една од тетоважите кои ги имам по телото. Сега токму таа ми е омилена, изјави Елеонора своевремно.
Ликот на Тамара Тодевска пак ја краси ногата на еден скопјанец, а Тамара почестена од овој гест фотката со тетоважа од нејзиниот лик ја сподели на социјалните мрежи и јавно се заблагодари.
Во регионот, пак, ликовите на Цеца Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша, Аца Лукас, Лепа Брена красат многу тела на нивни фанови, а слично е и во светот и Холивуд,

 

Фото: Инстаграм

Автор: Јасмина Арсова 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.