Лидија Кочовска: ,,На најголем душман не му посакувам да има член на семејството заболен од Алцхајмер”

Непребол

,,Удри” по Министерството за култура.

,,Срамота е што ниту еден претставник од Министерството за култура не се појави на погребот на мајка ми”, вели Лидија Кочовска во разговорот за естрадниот магазин ,,Бекстејџ”.

Легендарната пејачка Невена Кочовска почина од Алцхајмерова деменција, како што открива Лидија, а тоа се две болести во една.

Невена и Панче Кочовски беа дел од легендарниот состав „Мањифико”. Составот стана светски познат со обработките на латино-американските хитови.

Меѓу личности пред кои свиреа се и Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Имаа свирено на преку 3.000 концерти во повеќе од 30 земји во светот.

Во продолжение, погледнете го целото интервју со нејзината помлада ќерка Лидија.

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.