Лепа Брена стартува нов бизнис: Станува лозарка
Во виното е вистината
По продукцијата „Гранд“, популарната пејачка Лепа Брена почна бизнис со производство на вино!
Имено, бидејќи го продаде својот дел во една од најголемите продукциски куќи на Балканот и заработи „добри“ пари, пејачката одлучи да започне семеен бизнис.
Купија лозје и винарија и лансираа своја марка на вино ‘виста хил’. За тоа во голем дел се заслужни Стефан и Виктор Живојиновиќ, кои уживаат во семејниот бизнис и одат на саеми, каде што ги рекламираат своите вина и дегустираат други. Станува збор за убава работа, особено поради фактот што Брена и Боба уживаат додека работат“, открива извор близок на семејството Живојиновиќ.
Фото: Мирко Табашевиќ, Инстаграм