Лепа Брена бара сала за 500 души: Нејзиниот син Виктор се жени!

Подготвува свадба голема!

Фото: Инстаграм

Како што пренесуваат српските медиуми, Виктор Живојиновиќ, најмладиот син на Лепа Брена и Слободан Живојиновиќ, одлучи да се жени.

Како што самиот потврди за медиумите, тој и неговата девојка Сандра Миљаковиќ планираат да си кажат „да“ предолтарот.

Планираме гала-прослава со 500 гости. Нас Живојиновиќи нè има многу,  затоа ќе мора да најдеме голем простор на отворено. Нема да правиме свадба сè додека не се смири ситуацијата со коронавирусот. И на двајцата не ни пречи да почекаме, и онака се однесуваме како да сме веќе во брак“, изјави Виктор за медиумите, и откри што претставува за него неговата идна сопруга…

Сандра ми е голема поддршка во сè. Пред само неколку дена, ја прославивме годишнината од нашата врска. Моето семејство е воодушевено од Сандра и тие имаат само пофални зборови за неа“, додаде тој.

Патем, Сандра е родена во селото Будиловина, близу Брус, а студира на Филолошкиот факултет во Белград. До неодамна, таа и Виктор, заедно со неговите родители, одмораа во Монако, од каде што донесоа прекрасни впечатоци.

Уживавме во одморот. Сандра и Брена се дружеа навистина добро, тие постојано меѓусебно си ги лакираа ноктите. На сите навистина ни требаше одмор, особено на мама и тато, кои сè уште се во Монако“, вели Живојиновиќ.

Пред неколку дена, тој отвори сплав во Нов Белград.

Одлучив да отворам сплав затоа што сакам да го проширам својот бизнис. Мама не беше за тоа затоа што веќе имам ресторан, но на крајот ме поддржи. Иако живеев во Америка, не сакав да инвестирам пари таму, туку во Србија. Го сакам угостителскиот бизнис и сите мерки во борбата против коронавирусот се почитуваат во моите локали. Не е заработката како порано бидејќи е намален бројот на гости, но јас сигурно не сум во минус“, заклучи Виктор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.